Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМАНЏУКИЌ ЗАМИНУВА, КАЛЧОТО СЕРИОЗНО ЗАЈАКНУВА

МАНЏУКИЌ ЗАМИНУВА, КАЛЧОТО СЕРИОЗНО ЗАЈАКНУВА

Јувентус и Атлетико Мадрид го договорија трансферот на Марио Манџукиќ. Бјанконерите ќе платат 18 милиони евра за напаѓачот кој минатата сезона постигна 20 голови за ‘јорганџиите” според Ди Марцио.

Актуелниот шампион на Италија активно се поврзуваше со имињата на неколку врвни напаѓачи, откако Карлос Тевез најави дека сака кариерата да ја продолжи и заврши во Бока Јуниорс, така во Манџукиќ Јувентус гледа одлична замена на популарниот апачи. Договорот се очекува да биде објавен во понеделник.

mandzukic hrvatska

Бјанконерите веќе ги доведоа младиот напаѓач Паоло Дибала, како и одличниот играч за врска Сами Кедира, кој дојде како слободен играч од минатогодишниот освојувач на Лигата на Шампионите Реал Мадрид.

Италијанското Калчо доживува ренесанса откако се погласни се најавите за тотално обновување на екипите на Интер и Милан кои претендираат да се вратат во врвот на калчото по очајната сезона. Тоа е само најава дека наредната сезона ќе биде далеку по неизвесна.