Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМанчевски: Власта потфрли во помошта за настраданите од поплавите

Манчевски: Власта потфрли во помошта за настраданите од поплавите

СДСМ продолжува со критиките кон власта за лошото справување со последиците од поплавите кои го погодија Скопје во кои имаше голем број на човечки жртви и огромна материјална штета, па затоа побараа да се зголеми интервентниот надоместок.

– На овие луѓе, кои останаа без ништо итно им се потребни пари. Бараме интервентниот надоместок да се зголеми на 90 илјади денари за домаќинство.За да се обезбедат овие пари бараме веднаш да запре изградбата на: панорамското тркало кое чини 18 милиони евра, кулата на Водно која чини 12 милиони евра и барокните фасади во Скопје кои само оваа година чинат 5,7 милиони евра, посочи Манчевски.

Власта под контрола на Никола Груевски целосно потфрли во реакцијата за поплавите. За жал корупцијата и алчноста за пари однесоа човечки животи. Државните институции делуваа конфузно и без почитување на процедурите. Не се изврши евакуација на населението, сметаат од СДСМ.