Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМанчевски: Нападот на Собранието беше класичен обид за убиство

Манчевски: Нападот на Собранието беше класичен обид за убиство

Точно ги опишав деталите од настаните на 27 април во собранието на Република Македонија, со сите закани, и сметам дека тоа беше класичен обид за убиство.

Прашање е како Јавното обвинителство сега ќе ги класифицира овие настани, но се надевам дека насилниците ќе бидат обвинети за посериозни дела од учество во толпа.

На новинарско прашање до каде се гаранциите кои претседателот Иванов ги бара од СДСМ, Манчевски одговоори дека прашање на ден е кога ќе бидат доставени овие гаранции.

„За Иванов да сфати дека нема никакви закани за унитарноста на државата или за што било друго. Сите знаеме дека Иванов тоа го прави само за да му удоволи на Никола Груевски“, изјави Манчевски.