Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМанчестер Јунајтед со понуда до Рамос

Манчестер Јунајтед со понуда до Рамос

Манчестер Јунајтед достави официјална понуда до Реал Мадрид за услугите на одличниот дефанзивец Серхио Рамос. Понудата која „Црвените ѓавоили“ ја испратиле до „кралскиот“ клуб изнесува 35 милиони фунти. Земајќи во предвид дека во понудата веројатно ќе биде вклучен и голманот на Јунајтед Давид де Геа се чини дека Рамос е многу блиску до преселба во Премиер лигата.

рамос

Тој веќе подолго време е во преговори за продолжување на својот договор со Реал, меѓутоа платата која тој ја бара и платата која Реал му ја нуди за продолжување на соработката не се ни блиску. Токму ова несогласување сака да го искористи Манчестер кој му нуди пет годишен договор на шпанецот и плата од околу 10 милиони евра по сезона.