Sunday, Dec 10, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаМанчевски: По смена на власта, парите за барокни фасади ќе се пренаменат

Манчевски: По смена на власта, парите за барокни фасади ќе се пренаменат

Damjan Mancevski

-„Новата лудост на власта на Никола Груевски нема да успее, затоа што граѓаните нема да дозолат Градскиот трговски центар, МОБ и Универзитетската библиотека да ги сменат фасадите во барок“ – изјави денеска Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

Тој рече дека пред да има можност да се реализира ова безумие, ќе дојде до смена на власта на фер и демократски избори.

-„Новата, демократска власт веднаш ќе ги стопира овие криминални проекти. Затоа, ги повикуваме сите домашни и странски градежни компании да не учестуваат на повикот, кој евентуално би го распишала криминалната влада на Никола Груевски.

Веднаш по смената на власта, средствата наменети за новите барокни фасади, ќе бидат пренаменети за гасификација на Скопје и за други неопходни потреби на граѓаните. Ги повикувам функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, чесните и одговорни поддржувачи на ВМРО- ДПМНЕ, да ја откажат послушноста на Никола Груевски во спроведувањето на лудилото со Скопје 2014.

Граѓаните на Скопје, но и цела Македонија апсолутно се спротивставуваат на трошењето на пари за раскош и луксуз. На ова безумие можеме заедно да му ставиме крај. Крајот се ближи, готово е“, изјави Манчевски.