Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМанчевски од Јегуновце: Да се запре изградбата на Панорамското тркало и да се санира коритото на Вардар

Манчевски од Јегуновце: Да се запре изградбата на Панорамското тркало и да се санира коритото на Вардар

Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски во денешната посета на селата од општина Јегуновце, упати барање власта да ја запре изградбата на Панорамско тркало и парите да се пренаменат за санирање на коритото на реката Вардар, која често предизвикува поплави во овие населени места.

-Се наоѓаме на локација на која редовно доаѓа до излевање на реката Вардар. Од поплавите штети трпат домовите и нивите на луѓето од неколку населени места: Раотинце, Копанце, Јегуновце, Туденце и др. Ова подрачје е постојано во опасност од нови поплави, а власта не превзема ништо за да ги заштити. Согласно проектот, за да се санира речното корито на Вардар во општина Јегуновце, потребни се 6,5 милиони евра. Со оваа санација трајно ќе се заштитат домовите и нивите на луѓето, кои до сега претрпеа големи штети, изјави Манчевски.

-Бараме Владата под команда на Никола Груевски, веднаш да запре со изградбата на Панорамското тркало во Скопје кое чини 18 милиони евра. Овие пари да се инвестираат во санација на коритото на Вардар, како и на други локации кои ги доведуваат во опасност животите на граѓаните, истакна Манчевски.