Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМалолетно девојче жртва на невремето во Тетовско

Малолетно девојче жртва на невремето во Тетовско

Силното невреме што го зафати Тетовско ја однесе првата жртва. Се работи за малолетно девојче од Голема Речица. Телото на починатата било исфрлено од Речишка река со видливи повреди во пределот на главата.
te1novoНевремето кое попладнево ја зафати речиси цела Македонија, најголема штета предизвика во тетовско. Се јавува за одрон на свлечишта и непроодни места. Најкритично е во Мала и Голема Речица, Доброште, Шипковица. Материјалната штета е голема. Читател од Голема Речица ни ги испрати фотографиите на кои се гледа каква штета направило невремето. Како што вели нашиот извор на терен се градоначалничка Теута Арифи и Центарот за управување со кризи.
te2novo