Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионМалолетник во Србија заклан за долг од 250 динари

Малолетник во Србија заклан за долг од 250 динари

Грозоморни убиства го тресат Балканот. Малолетник во Србија му ја пресекол аортата на својот другар за долг од 250 динари. Малолетниот Петар Н. со нож му ја пресекол аортата, а потоа неколку пати го прободел во стомакот 15-годишниот Вукашин Симиќ.

Тој го нападнал момчето на улица, а во настанот е ранет и неговиот другар Михаил. Како што пренесуваат српските медиуми, инцидентот се случил за долг од 250 динари. Најверојатно откако биле излезени на роденден, малолетниците почнале да му довикуваат на Петар Н. кога си тргнал накај дома, па тој се разбеснил и започнал кавга, а потоа таа кулминирала кога извадил нож. Момчиња кои ги познаваат малолетниците велат дека од претходно биле скарани.

Минатата година во Србија е во пораст малолетничкиот криминал. Само во 2014-та, 17 малолетници во оваа земја биле осудени на затворска казна за убиство.