Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМалолетник пронајден мртов на нива во Групчин

Малолетник пронајден мртов на нива во Групчин

На нива во близина на селото Групчин вчера било пронајдено безживотното тело на 16 годишниот А.С. од страна на неговиот татко. Случајот го пријавил во полиција околу 18 часот, а на мртвото тело на синот пронашол една влезна рана од огнено оружје, најверојатно пиштол, во левиот дел од градите.

– Набрзо по пријавувањето, екипа од СВР Тетово, јавен обвинител и лекар по судска медицина извршиле комплетен увид. На местото е пронајдено безживотното тело на 16-годишниот А.С, покрај кое се наоѓал пиштол „берета“ 9 милиметарски калибар, неколку неиспукани куршуми од ист калибар во цевката и шаржерот на пиштолот и една испукана чаура, соопштуваат од СВР Тетово.

Покрај тоа, пронајдени и подигнати за вештачење се и други траги, а по наредба на  јавен обвинител врз телото на А.С. денеска ќе се изврши обдукција. Истрагата треба да утврди дали се работи за самоубиство или убиство.