HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМалолетник прободен со нож во Охрид

Малолетник прободен со нож во Охрид

Му рекле да излезе пред продавница, па го прободеле со нож. Вистинска драма се одвивала синоќа во два часот по полноќ во Охрид, кога на 17-годишен малолетник му се јавиле и му рекле да излезе пред продавница на улицата „Питу Гули“. Кога момчето пристигнало пред продавницата, насилник излегол од паркирано возило „Мерцедес“ и го прободел со нож. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот. Случајот во полиција го пријавила мајката на момчето.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com