HomeДЕНЕШНАСкопјеМалку време до електронската наплата, а многу дилеми кај корисниците на јавниот превоз

Малку време до електронската наплата, а многу дилеми кај корисниците на јавниот превоз

Наближува 1ви Јануари, стартот на електронската наплата во јавниот превоз во Скопје, а сеуште на површината има многу нејаснотии за граѓаните кои користат јавен превоз. На безмалку 20 дена пред почетокот на новиот проект, скопјани сеуште не знаат кога и каде ќе може да набават „Моја Скопска“ персонализирана картичка за користење на градскиот превоз. Вакви картички досега добија учениците, пензионерите и вработените кои користат месечни билети. Сите останати се возат со класичните билети кои се валидни за едно возење или за десет влегувања во ЈСП. Граѓаните сега се во дилема како ќе се возат во автобусите по 1ви Јануари доколку нема можност да се купи обична електронска картичка, со оглед на тоа што таква се` уште не постои во продажната понуда на ЈСП.

Студентите, исто така, се во дилема како да добијат електронска картичка за бесплатниот превоз што го вети Груевски.
Дали ќе треба да имаат потврда за редовен студент, индекс или пак самите ЈСП ќе си обезбедат листа со имиња на редовсните студенти од факултетите, сеуште се дел од дилемите кои ги тиштат идните интелектуаци.

Сеуште е непознато колку ќе чини едно возење со новата електронска карта, со оглед на тоа што за цената допрва ќе се одлучува во седница на Град Скопје. Дилема е дали навистина проектот ќе биде протуркан од Нова година, како што претходно е најавено. Од ЈСП, пак, се прилично сигурни дека системот ќе функционира.

„Целиот систем помина низ процесот на подготовка и тестирање и од страна на ЈСП е целосно имплементиран и функционален. Согласно со планот и динамиката на претпријатието, завршени се сите подготовки и неперсонализираните картички ќе бидат пуштени од 1 јануари 2016 година. Цената на билетите ќе биде утврдена и донесена со одлука на Советот на Град Скопје. Одлуката која се чека ќе содржи детали околу условите и критериумите за бесплатниот превоз. По добивање на ваквата одлука, ЈСП веднаш во целост ќе започне со нејзината примена“ велат од ЈСП за Утрински.

Останува дилемата кај скопјани, како од први јануари ќе го користат јавниот превоз во Градот, но и дали цените што ќе бидат усвоени за единечно возење ќе бидат „честитка“ за нивниот и онака скромен домашен буџет.


Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com