Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРепублика(Фото) Дете херој: Малиот Ведран три часа се борел со студената вода пред да го најде татко му

(Фото) Дете херој: Малиот Ведран три часа се борел со студената вода пред да го најде татко му

Малиот Ведран Велиновски од Крива Паланка е детето кое многумина денеска го прогласија за херој, откако беше објавено дека цели три часа се борел со студената вода и калта пред да го спаси неговиот татко.

Тој со своите родители и помалиот брат се враќале од одмор кога страшното невреме ги затекнало кај обиколницата во Скопје. За жал, во големата трагедија во саботата, животите ги загубија неговата мајка Марина Велиновска и неговиот помал брат, шестгодишниот Јован.

Таткото, кој е професионален пожарникар и храбриот Ведран, по неколкучасовна борба со водената стихија успеале да ја избегнат кобната судбина.

vedran