Thursday, Jul 27, 2017
HomeГИГА БАЈТСмартфонМал, но доволно моќен – Откриен Samsung Galaxy S6 mini

Мал, но доволно моќен – Откриен Samsung Galaxy S6 mini

Samsung Mobile се уште не ги открил плановите за мини верзијата на Samsung Galaxy S6, но најновите протечени информации откриваат дека токму ваков смартфон веќе е во подготовка и фановите на оваа категорија нема да останат покуси.

Samsung_Galaxy_S6_Edge_1

Samsung Galaxy S6 mini ќе понуди 4.7 инчен HD дисплеј, ќе работи со шест-јадрен Snapdragon 808 процесор, 2 GB RAM, 16 и 32 GB меморија, 16 мегапикселна камера, батерија со капацитет од 2600 mAh и Android Lollipop оперативен систем.

Како што може да забележите Samsung Galaxy S6 mini ќе нема огромна моќ како и поголемиот модел, но ќе понуди идентичен дизајн и нешто пониска цена во средната класа. Пласманот на Samsung Galaxy S6 mini го очекуваме во текот на август.

Извор: telefoni.mk