Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМакпетрол со гориво и средства се вклучува во помошта

Макпетрол со гориво и средства се вклучува во помошта

Општествената одговорност е еден од столбoвите на кои се темели начинот на работа на Макпетрол АД. По невремето кое го зафати скопскиот регион кое одзема премногу човечки животи, а предизвика и огромни штети, како компанија одлучивме нашата солидарност, заедно со ОКТА АД, да ја искажеме преку обезбедување на цистерна за точење на гориво.

Денес, од 10 часот цистерната на ОИЛКО ќе биде стационирана на бензиската станица во населба Ченто каде е обезбеден соодветен простор на кој ќе се врши точењето на горивото во работните машини што учествуваат во санирањето на настраданите подрачја, при тоа работењето на останатиот дел од бензинската станица нема да биде нарушено. Точењето на горивото од цистерната во работните машини што ќе пристигнат на бензинската станица, ќе се одвива во запазени техничко – безбедносни услови.

Макпетрол АД упатува повик до сите компании во Македонија и до сите граѓани кои се во можност да помогнат на оние кои им е најпотребна помош во овие мигови.