Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМакпетрол ја додели главната награда на програмата „Верна“

Макпетрол ја додели главната награда на програмата „Верна“

Заврши наградна игра „Колку повеќе полниш, толку повеќе добиваш!“ на компанијата Макпетрол АД. Денес во продажно сервисниот центар Хонда свечено се додели главната награда скутер Honda ANC 125 SH Mode која заврши во рацете на скопјанецот Мишко Брзаковски.

Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол АД во своето обраќање изјави дека наградната игра „КОЛКУ ПОВЕЌЕ ПОЛНИШ, ТОЛКУ ПОВЕЌЕ ДОБИВАШ“ била начин компанијата да се заблагодари на своите верни потрошувачи за укажаната доверба.

makpetrol 2

„По отпочнувањето и заживувањето на ВЕРНА програмата нашиот труд беше награден на најубав начин. ВЕРНА картичката стана алатка за секојдневно функционирање на нашите верни потрошувачи, а очекувањата околу истата беа дури и надминати. Кога бројот на издадени и функционални ВЕРНА картички го надмина 50.000-тиот член одлучивме дека на некој начин треба дополнително да им се заблагодариме на членовите на Верна програмата за покажаната доверба и лојалност. За таа цел ја креиравме наградната игра „КОЛКУ ПОВЕЌЕ ПОЛНИШ, ТОЛКУ ПОВЕЌЕ ДОБИВАШ“, преку која корисниците на ВЕРНА картичките учествуваа со можност да добијат вредни награди“- изјави Тасевски.

„Активноста и бројноста на ВЕРНА картичките сами по себе говорат за успехот на проектот. Идејата за проектот почна како гест на благодарност кон верните потрошувачи и прерасна во начин на размислување при купувањето“. – истакна директорот на дирекцијата за малопродажба на Макпетрол АД, Љупчо Георгиевски.

„Предизвиците беа големи, а самата програма растеше заедно со нејзините корисници. ВЕРНА програмата за лојалност ни овозможи да развиеме комуникација со потрошувачите и од прва рака да ги запознаеме нивните желби и потреби, а од друга страна да ја следиме и наградиме посветеноста на вработените, кои имаат голема улога во успешноста на истата“- додаде Георгиевски.

На настанот се доделија и лаптопи Dell освоени во последното осмо редовно коло, а дома со скутер Honda ANC 125 SH Mode си замина Мишко Брзаковски.

makpetrol 1