Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМакедонците во Тетово на протестен марш, наместо на гимназиска клупа

Македонците во Тетово на протестен марш, наместо на гимназиска клупа

Поради игнорантскиот однос од надлежните за решавање на проблемот со мизерните услови за учење за учениците Македонци во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, родителите на учениците соопштија дека на први септември ќе одржат протест и наставата нема да почне.

И покрај сите наши преземени чекори до сите надлежни институции редоследно и по скоро две години од нашите барања за трајно решавање на просторниот проблем на гимназијата Кирил Пејчиновиќ од Тетово се одлучивме на протестен марш кој ќе почне во 8 часот на 1 ви септември во дворот на Работничкиот универзитет Кочо Рацин каде се наоѓаат канцелариите на Бирото за развој и образование и инспекциските служби на МОН до општинската зграда во Тетово, се вели во повикот од родителите и професорите на учениците.

Тие најавија дека доколку и по овој протестен марш продолжи игнорантскиот однос, ќе следи целосен бојкот на наставата.