Wednesday, Apr 24, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈБоречки вештиниМакедонците со шест медали се враќаат од Балканијадата во кик бокс

Македонците со шест медали се враќаат од Балканијадата во кик бокс

Викендов во Ниш се одржа Балканското првенство во кик бокс на кое учествуваа 220 кик боксери од осум земји.

Златни медали освоија Ненад Манојловски -69 кг. кик лајт и Димитар Ѓорѓиев -79 кг. кик лајт, додека Марија Божиновска +70 кг. кик лајт, Милан Кубин -89 кг. кик лајт и Бобан Илиовски -71 кг. го овоија среброто во своите категории. Нашиот најмлад репрезентативец, Хадис Рамадани -67 кг. лоу кик се закити со бронзениот медал.

Балканската кик бокс федерација одржа состанок на кој за нов претседател е назначена Александра Неделковска, која воедно е и претседател на Кик бокс федерацијата на Македонија.