Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионМакедонците од Голо Брдо под репресија на албанската влада

Македонците од Голо Брдо под репресија на албанската влада

Македонците во Голо Брдо, Албанија реагираат за лошата состојбата во која се наоѓаат. Реакцијата ви ја пренесуваме во целост.

Македонско друштво “Илинден” – Тирана и Македонско друштво “Илинден” – Тирана Огранок Голо Брдо ја изразуваат својата загриженост и посочуваат дека се згрозени од положбата на Македонците во областа Голо Брдо. Поради тоа отворено ја повикуваат Владата на Република Албанија итно да преземи соодветни мерки за подобрувањо на состојбата во оваа обласат. Исто така, сметаме дека досегашното однесување кон областа Голо Брдо и тамошното население значи кршење на основните човекови права според меѓународните конвенции. Досегашниот однос на албанската Влада има и во иднина ќе има долгорочни последици по положбата и правата на Македонците во Република Албанија. Како потврда за ваквиот наш став е фактот дека во последните 25 години малку или ништо не е инвестирано во селата во областа Голо Брдо, населена со македонско население. Патната инфраструктура која опфаќа 20 села е во многу лоша состојба и срамно е во 21. век во една држава да има толку голема област каде се уште нема асфалтирани патишта. Тоа е главната причина за екстремно слабиот економски развој на областа Голо Брдо. Сиромаштијата во обласата Голо Брдо се движи до незамисливи граници, бидејќи 90 % од населението се невработени.

Од друга страна, социјалната помош која ја одредува владата изнесува 20 евра месечно. На овој начин, македонското население се исселува од Голо Брдо. Посебен проблем на македонско национално малциство во областа Голо Брдо е со снабдувањето на електрична енергија бидејќи мрежата за нејзина дистрибуција е стара од времето на комунизмот и покрај тоа што жителите редовно ја плаќаат електрична енергија. Во катастрофална состојба е и здравствената заштита во областа Голо Брдо. Имено, во времето на комунизмот имаше здраствен дом во секое село. Денес, после 25 години демократски развој ваквите здравствени институции се бројат на прсти и се во исклучително лоша состојба. Дополнителен проблем за македонското малцинство во Албанија е фактот што децата не можат да го изучуваат мајчиниот јазик во училиштата, иако со меѓународните конвенции за човекови права тоа нешто е решено.

Поради сите овие егзистенционални проблеми на македонското малцинство во Република Албанија, Македонско друштво “Илинден” – Тирана и Македонско друштво “Илинден” – Тирана Огранок Голо Брдо, бараат од Министерството за образование и спорт да преземе соодветни мерки за почитување на правото на македонските деца во училиштата во Голо Брдо да се учи македонски јазик. Ваквото барање на жителите на македонското национално малциство во областа Голо Брдо неколкупати било актуелизирано, но по него ништо не се презема. Македонците од бласта Голо Брдо барат од Министерството за внатрешни работи на Албанија и Македонија и од царините на двете земји, граничниот премин Џепиште – Требиште кој беше отворен во мај 2013 година од локален премин од трета категорија да премини на регионален премин од втора категорија. Со ова ќе му се помогне на населението од областа Голо Брдо бидејќи ќе се зголеми економската соработка меѓу жителите од двете страни на границата, со што економски ќе зајакне и ќе се развива оваа област. Воедно, ќе се овозможи на поголем број туристи да ја посетат областа Голо Брдо која изобилува со природни убавини.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо
Претседател Ули Халилај