Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаМакедонците најголем дел од својата плата ја трошат на храна и плаќање сметки!

Македонците најголем дел од својата плата ја трошат на храна и плаќање сметки!

Повеќе од 74 отсто од месечните трошоци за живеачка завршуваат за плаќање на сметки и за исхрана. Најновите податоци од Синдикалната кошница покажуваат дека во декември, за да се преживее едно четиричлено семејство му биле потребни 32 233 денари или 528 евра. Најголем дел од овие пари или 41 %, завршуваат за храна, а 32% за домување. За одржување лична хигиена и хигиена на домот се троши 6,9 % од семејниот буџет, за превоз 7, 26%, за облека и обувки 6,6 %, за култура 3,32% и за одржување на здравјето 2, 10 % од буџетот на семејството.

Оваа статистика на Сојузот на синдикатите на Македонија ја потврдуваат и граѓаните…

Трошоците за живот во споредба со 2010-тата година се зголемени за 3 034 денари. Пред 5 години вредноста на Синдикалната минимална кошница за декември изнесувала 29.199 денари. Најголемо зголемување за 1 406 денари има во областа на домување, односно комунални трошоци и покуќнина, опрема за куќа и одржување, така што едно семејство во декември лани потрошило 10.422 денари. За исхрана и пијалоци трошоците се зголемени за 1 032 денари, при што сумата за оваа намена достигнала до 13.374 денари.

На облека и обувки во декември минатата година се трошело 318 денари повеќе од 2010, односно 2.126 денари. Трошоците за одржување на здравје се зголемиле за 137 денари, или во демекври лани за таа намена биле издвоени 677 денари. За хигиена се потрошило 127 денари повеќе од пред 5 години, односно 2.223 денари. За превоз биле одвоени 2.340 денари од семејниот буџет, а на култура се трошело исто, 1 070 денари.


Н.С