Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМакедонци се вратија од Грција со оштетени возила

Македонци се вратија од Грција со оштетени возила

До службите на МВР пријавени се нови случаи на оштетување на автомобили на македонски државјани во Грција. Евидентирани се два случаи. Во првиот случај скопјанец пријавил искршено стакло на неговиот Мерцедес, оштетена лајсна и оштетен преден браник. Во вториот случај возач од Штип пријавил дека неговото возило е обиено со скршен прозорец и украден е паричник. Настаните се случиле во местото Пиреа, односно езеро Киркини и истите не се пријавени во грчката полиција.