Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМакедонци и Власи се пишуваат Албанци за вработување во државна администрација.

Македонци и Власи се пишуваат Албанци за вработување во државна администрација.

Големи реакции во јавноста предизвикуваат вработувањата по рамковен клуч, каде што над 1.400 вработени, пред се членови на вечно владејачката Демократска унија за интеграција (ДУИ), седат дома,и со години, а некои и повеќе од деценија примаат буџетска плата. Последно, поранешниот министер за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски, рече и вети дека во неговиот мандат ќе биде решено ова горливо прашање и дека истите ќе се распределат на работни позиции тоа не се случи. Слични најави има и од старо-новиот владин состав. Сепак, освен рамковните вработувања, во изминативе години, гледавме партиски  како чисто етнички Македонци, или Власи се пишуваат по националност Албанци или Турци, или Срби, за да влезат во квотите за вработување.

 

Нема достапен опис

 

 

 

Ова е уште побизарна ситуација, трагикомична, во која „дупките од законот“, се користат да се заобиколи националноста. Да модерните сфаќања за национална или етничка припадност, во 21-виот век, вас ви дозволуваат да се пишете и за Еским, но во нашиот трагичен случај, станува збор за свесно и намерно изигрување ( заобиколување), на и онака формалните критериуми за вработување во јавната администрација. Вчера беше извештајот на Европската комисија. Најголеми забелешки и критики имавме  во делот на јавната администрација. Па редно е да се запрашаме, вака ќе се подготвиме за влез во ЕУ?