Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМакедонско-косовската граница ќе се преминува со лични карти

Македонско-косовската граница ќе се преминува со лични карти

Вчера, Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски и на Косово Хашим Тачи во Приштина потпишале два билатерални договори, Првиот договор бил за граѓаните на двете земји дека ќе може да ја преминуваат границата од едно на друго тло само со биометриски лични карти, но ќе им биде овозможен краток престој. Другиот договор се однесува на отварање нов граничен премин „Белановце-Станчиќ“ кој ќе им послужи за меѓународен сообраќај меѓу овие две земји.

Жителите на Македонија и Косово во скоро време ќе можат да ја минуваат границата само до биометриска лична карта. Ова е одлучено на вчерашниот состанок помеѓу вицепремиерот Хашим Тачи и македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски. Но, друго значајно е што ова ќе важи за посети со краток временски престој. На овој важен состанок е нагласено и дека регионалната соработка и стабилноста се од заеднички интерес на двете држави.

Исто така на овој состанок е договорена и соработка во инфраструктурата преку изградба на автопат со кој ќе се поврзат Скопје и Приштина. Министерот на Косово Хашим Тачи изрази благодарност на Македонија за поддршката што ја дава нашата земја на Косово за членство во меѓународните организации, особено во УНЕСКО.

Инаку, МНР соопшти дека Никола Попоски оствари и средба со претседателот на Комисијатан Енвер Хоџај, за надворешна политика на косовскиот парламент.