HomeДЕНЕШНАЕкономијаМакедонските возачи ќе точат гориво поевтино за денар

Македонските возачи ќе точат гориво поевтино за денар

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на цените на бензините и на дизел горивата кои од полноќ ќе бидат поевтини за еден денар по литар.

goriva

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 64, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 49,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 38 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,57 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 21,313 денари за килограм.

Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 5,83 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,406 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com