Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМакедонските уметници во кулинарство конечно ќе станат бренд

Македонските уметници во кулинарство конечно ќе станат бренд

Македонските кулинари ќе добијат Институт за кулинарски уметности, нешто што во светот многу се цени и плаќа. Сигурно сте гледале кулинарски шоуа во кои врвни кулинари подготвуваат храна на импресивен начин и создаваат уметност со истата.

Институтот за кулинарски уметности е независен, пазарно ориентиран едукативен центар, но и проект за подобрување на културата на исхрана и освестување на целокупната публика за значењето на храната, адресирајќи ги страните кои ја консумираат и страните кои ја произведуваат – се вели во соопштението.

Следната генерација на шефови на кујни, менаџери на ресторани и хотели и сите професионалци кои се тесно поврзани со угостителството, ќе имаат можност да учат од најдобриот мастер шеф Влатко Огненовски и тим на експерти од земјата и странство, чија виртуозност во подготовката на храна преку овој Институт ќе се канализира во наука за храна – правец кој одамна ни е потребен.

institut2Изучувањето на науката за храна преку Институтот за кулинарски уметности ќе се одвива во комбинирана програма која обединува практично и теоретско учење поделено во 9 месеци, односно 6 месеци учење и 3 месеци пракса. Основната програма про-шеф предвидува 13 курса поделени во 100 лекции. Покрај основните кулинарски лекции, студентите ќе изучуваат англиски јазик, менаџмент, маркетинг, стандарди за храна и креативност.

Најзначајно за оваа инститиуција е дека целиот кадар од дипломирани студенти директно ќе го пласира на пазарот на трудот, односно секој студент има загарантирана работа по завршување на обуката. Институтот е сместен во Центарот за дизајн и иновации Јавна соба, на третиот спрат. Покрај едукативната програма, планот за работа на Институтот вклучува организирање и посета на саеми на храна, интернационални посети, дегустации, изложби, фестивали и останати форми за интеракција со пошироката публика од земјата и светот.

Македонија е препознатлива по добрата и вкусна кујна, но и по изобилието на природни овошја и зеленчуци, што пак претставува позиционирана предност во градењето на интернационален имиџ, на кој, преку овој Институт ќе се работи во правец на надградба и систематски приод. Овој Институт според формата, мисијата и пристапот е единствен на Балканот. Во согласност со планот, со работа ќе започне на 1 март, а веќе кон крајот на годинава ќе ја имаме и првата генерација на професионални шефови на кујни, сомелиери и келнери – се вели во соопштението.

На Македонија одамна и беше потребен ваков Институт кој не само што ќе направи наука од кулинарските уметности, туку и ќе ги пласира македонските уметници на светскиот пазар.