Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисМакедонските тенисери ја совладаа Ерменија

Македонските тенисери ја совладаа Ерменија

Македонската селекција во Дејвис купот ја совлада Ерменија со максимални 3:0 во сетови со победи во сингл кои ги издвојуваа Димитар Грабул кој со 2:0 го победи Качатријан, а Томислав Јотовски славеше со 6:0 и 6:1 над Микаел Аветисјан. Последниот удар беше зададен во дабл натпреварот и двојката Бојан Јанкуловски и Горазд Србљак со 2:0 во сетови (6:4 и 6:2 во гемови) ги победија Ашот Геворгијан и Седрак Качатријан.
По еден ден одмор Македонија ќе го продолжи натпреварувањето во Сан Марино против Норвешка, а натпреварот ќе го реши победникот во Ц групата.