Wednesday, Apr 24, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиМакедонските одбојкари сѐ поблиску до Ф4, поразена репрезентацијата на Полска

Македонските одбојкари сѐ поблиску до Ф4, поразена репрезентацијата на Полска

Нашата машка одбојкарска репрезентација останува во игра за пласман во најдобрите четири репрезентации откако попладнево во првиот натпревар во Калиш во 6-тото коло од групата А ја совлада репрезентацијата на Полска со 2:3 во сетови.

Двата тима одиграа фантастичен меч, посебно нашите момци кои имаа одличен старт. Шансите за да го затворат натпреварот со 3:1 во сетови беа огромни, но многуте грешки направени во третиот сет беа одлучувачки за противникот каде се пропушти предноста од 22:24, па така Полјаците нѐ надминаа за резултат од 26:24.

Но крајот го краси делото, па така во петтиот и последен сет македонските одбојкари блеснаа и се изборија за заслужена победа. Најефикасни во нашата репрезентација беа Јовица Симовски, Никола Ѓорѓиев и Филип Деспотовски кои константно ја држеа предноста и го водеа „црвено-жолтиот“ тим.