Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаМакедонските кошаркари поразени од Литванија

Македонските кошаркари поразени од Литванија

Македонската кошаркарска репрезентација забележа пораз од репрезентацијата Литванија со 68:62, на првиот натпревар од Хуавеи купот кој се одржува во Каунас.

Избраниците на селекторот Србиновски се прикажаа во одлично светло во Каунас, беа на праг да забележат и победа, но во последната четвртина падна концентрацијата, па домаќните направија пресврт и дојдоа до победа од шест поени.

Најефикасен во нашиот табор беше Војдан Стојановски со 14 поени, Предраг Самарџиски оствари дабл-дабл учинок со 13 поени и 11 скокови, додека Марко Симоновски имаше 10 поени.

Утре на турнирот во Каунас, во 15:45 часот не очекува дуел со Турција.