HomeФЕР ПЛЕЈБоречки вештиниМакедонските каратисти забележаа одлични настапи на Европското првенство во Словенија

Македонските каратисти забележаа одлични настапи на Европското првенство во Словенија

tradicionalno-karate-615x400

Македонските каратисти запишаа одличен настап во елиминациските борби на ЕТКФ Европското првенство во традиционално карате кое се одржува во Крањска Гора, Словенија.

По вчерашните прелиминирани натпревари, во сениорска конкуренција Дејан Недев обезбеди финале во кати и кумите – поединечно, додека Матеј Ангеловски е во финалето во кати и во кого-кумите. Во женска конкуренција Јадранка Недева се пласираше во полуфиналето во фукуго и кумите за сениорки.

Во јуниорска конкуренција во полуфиналето во кати, ката-тим и кого-кумите место обезбеди Берта Милевска, додека во кадетска конкуренција Мила Саздова денеска ја очекуваат финалните натпревари во кати, ката-тим, фукуго и кого-кумите. Во кадетска конкуренција и Јана Милевска е во полуфиналето во кого-кумите.

Извор: ekipa.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com