Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈБоречки вештиниМакедонските каратисти освојуваат медали на Европската Универзијада, денеска се бориме за злато

Македонските каратисти освојуваат медали на Европската Универзијада, денеска се бориме за злато

Македонските каратисти продолжуваат со успешен настап на третите Европски универзитетски игри што се одржуваат во Хрватска. Откако женскиот карате тим кој настапува за Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, во борби го освои бронзениот медал, вчера обезбеди нов медал.

Имено, Симона Заборска се пласира во финалето на турнирот во борби, во категоријата до 61 килограм. До финалето Заборска извојува три победи и златниот медал ќе се бори денеска, а Сара Радичевска за бронзениот. Можност за освојување на медал ќе има Сара Радичевска во категоријата – 50 килограми. Покрај Сара, шанса за бронзен медал ќе имаат и каратистите Мартин Несторовски (+84 кг) и Семир Ќосовиќ (+84 кг).

Покрај каратето, на Универзијадата во Хрватска, која се одржува во Загреб и Ријека, а која ќе трае до 25 јули, ќе се одржуваат натпревари уште во дваесет спортови. На игрите ќе настпуваат натпреварувачи од 41 држава, а Македонија ја претставуваат студентите од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.