Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМакедонските камионџии веќе две недели заглавени на ирачко-турската граница, МНР остварува постојан контакт

Македонските камионџии веќе две недели заглавени на ирачко-турската граница, МНР остварува постојан контакт

Одлуката на Турција да ја затвори границата со Ирак, во близина на градот Закхо, од безбедносни причини сѐ уште ги држи во неизвесност заробените македонски камионџии. Министерството за надворешни работи на Република Македонија преку Дипломатско-конзуларното претставништво во Анкара е во постојан контакт со надлежните институции во Турција. На граничниот премин Ибрахим Калил во моменов има над 6 илјади камиони кои не можат да го напуштат Ирак и да го продолжат патот преку Турција.


„Ситуацијата е непроменета , сега во моментот има борбени дејствија, барем така известува турската и курдската телевизија. Ние околу 20 возачи сега сме на сигурно, ама не можеме да ја поминеме границата за назад“, вели Здравко Колев од Кавадарци кој заедно со своите колеги превезувале ресенси јаболка и земјоделски производи за Ирак, пренесува Телма.


Областа во близина на преминот е и цел на руските бомбардирања врз цели на ИСИС, а информации за отворање на граничниот премин сѐ уште нема.