Wednesday, Apr 24, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмМакедонските филмаџии на Сараевскиот филмски фестивал

Македонските филмаџии на Сараевскиот филмски фестивал

Денеска започнува Сараевскиот филмски фестивал, а Македонија може да се пофали со голем број учесници. Филмот „До балчак“ на Столе Попов на 16 август ќе ја има својата меѓународна премиера на која ќе гостуваат и дел од носителите на главните улоги, актерите Инти Шрај, Мартин Јордановски, Јордан Симонов и Драган Спасов Дац.

На меѓународниот ко-продуцентски филмски маркет CINELINK меѓу 14 нови филмски проекти се и проектите „Ништо страшно“ на Димитар Банов и „Животот започнува“ на Сергеј Станојковски.

Оваа година на CINELINK се востановува и награда MFA CineLink за најдобар проект во висина од 10.000 евра за развој на нов филмски проект. Оваа награда ќе ја додели Агенцијата за филм на Македонија. Лани наградата ја доделуваше францускиот филмски фонд CNC,

На талент кампусот ТАЛЕНТС САРАЈЕВО годинава Македонија ја претставуваат актерите Дениз Абдула и Ивана Павликовиќ, режисерите Лидија Мојсовска и Тамара Котевска, Гоце Кралевски и Марија Димитрова како продуценти и директорот на фотографија Наум Доксевски. На Талентс Сараево во работилницата за пакување и презентација на филмски проекти наречен „Pack and Pitch“ ќе учествува Марија Димитрова со проектот „Сестра“.