HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаМакедонскиот шампион МЗТ Скопје го пречекува ФМП

Македонскиот шампион МЗТ Скопје го пречекува ФМП

mzt-fmp-640x426

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром денеска во рамките на 10.коло од АБА лигата го пречекува тимот на ФМП. Со овој натпревар ќе стартуваа возбудувањата во оваа рунда. „Аеродромци“ имаат две победи во ова натпреварување, додека нивниот ривал една повеќе. Натпреварот се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18 часот.

Вториот македонски претставник во АБА лигата тимот на Карпош Соколи во ова коло игра против првакот на натпреварувањето Црвена Звезда. Овој натпревар се игра во 18 часот во понеделник (21.ноември).

Другите дуели од оваа рунда се играат во деновите од викендот: Мега – Морнар, Задар – Партизан, Крка – Игокеа (сабота), Будуќност – Олимпија и Цедевита – Цибона (недела).

Табела: Црвена Звезда 18 бодови, Будуќност 17, Цедевита 15, Цибона 15, Партизан 15, Игокеа 13, Крка 13, Задар 13, ФМП 12, Мега 12, Олимпија 11, Морнар 11, МЗТ Скопје А. 11, Карпош Соколи 10.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com