HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаМакедонскиот шампион МЗТ Скопје декласиран на свој терен од Партизан

Македонскиот шампион МЗТ Скопје декласиран на свој терен од Партизан

МЗТ Аеродром Скопје нема конкуренција во Македонската лига, но оваа година лошо започна во АБА лигата бидејќи го претрпе и вториот пораз во новата сезона на регионалната кошаркарска АБА лига. Откако пред четири дена загуби на гостувањето во Белград од Црвена Звезда, денеска МЗТ Скопје беше совладан и од екипата на Партизан.

Во натпреварот од 2 коло одигран во СЦ „Јане Сандански“ МЗТ Скопје загуби од Партизан со 62-93 по четвртини 16:29, 9:19, 21:22 и 16:23. Американецот, Вилијам Хачер беше предводик на тимот од Белград, па покрај 21 постигнат поен имаше и 9 асистенции.

Во редовите на „ареодромци“ најефикасен беше Ксавиер Тимс кој средбата ја заврши со 20 поени, додека Џеремаја Мејси постигна 15. Веќе во четврток МЗТ Скопје го очекува нов тежок дуел и тоа гостување во Загреб кај екипата на Цедевита која минатата сезона играше во финалето на АБА лигата. Вториот македонски претставник Карпош Соколи утре од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“ го пречекува составот на Игокеа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com