Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМакедонски Tomb raider – ограбувале мртви во Струмица

Македонски Tomb raider – ограбувале мртви во Струмица

Гробари вработени во погребален оператор во Струмица го краделе златото од погребаните мртовци во струмичките гробиштта. Тие во текот на минатата година накит земале при ископ на старите гробови во поради закоп на други починати лица. Накиот што го одземале од починатите, го продавале на неколку златари во градот. Двете лица во разговор за полициските службеници го признале делото и ги посочиле гробовите од каде го одземале златото.

Полицијата против двете лица од Струмица и Штип поднесе кривчни пријави за сторено дело сквернавање на умрен бидејки како вработени во погребален оператор при изведување на работните задачи одземале златен накит, како ланчиња и прстени.