HomeДЕНЕШНАПолитикаМакедонски телеком: Навремено одговоривме на сите барањата на СЈО

Македонски телеком: Навремено одговоривме на сите барањата на СЈО

img1

Телекомуникацискиот оператор „Македонски телеком“ денеска соопшти дека навремено одговорил на сите барања на Специјалното јавно обвинителство и дека од операторот остануваат отворени за понатамошна соработка со надлежните органи.

„Најодговорно тврдиме дека навремено сме обезбедиле одговори на сите барања од Специјалното јавно обвинителство и остануваме отворени за понатамошна соработка со надлежните органи. „Македонски телеком“ е компанија која работи според законите, во интерес на граѓаните и на своите корисници“ – велат од компанијата.

Реакцијата на операторот следува по објавите на социјалните мрежи дека токму „Македонски телеком“ е компанијата што не ги доставила бараните податоци за телефонските броеви кои биле прислушувани, а за кои Специјалното јавно обвинителство отвори нова истрага „Таргет“.

Од „Македонски телеком“ велат дека во согласност со Законот за електронски комуникации и со Законот за следење на комуникации, имаат законска обврска да набават опрема за следење на комуникациите и да ја стават на располагање на Министерството за внатрешни работи, но оти немаат контрола, ниту можност за користење на истата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com