Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМакедонски Телеком го подготвува најголемиот навивачки „терен“ за ЕУРО 2016

Македонски Телеком го подготвува најголемиот навивачки „терен“ за ЕУРО 2016

Во пресрет на највозбудливите натпревари од финалето и полуфиналето на Еуро 2016, Македонски Телеком го подготвува најголемиот навивачки „терен” на плоштадот „Македонија”.

На 6, 7 и 10 јули сите љубители на фудбалот ќе имаат можност да навиваат за својот фаворит во вистинска стадионска атмосфера.

За загревање на атмосферата забавата ќе почнува во 19. 30 часот со „Фудбал манија“ на Дарко и Сашко, наградни игри и музика, сé до почетокот на натпреварите во 21 часот, кои ќе се следат на екран на плоштадот.

Финалното одбројување на Еуро 2016 ќе започне на 6 јули (среда) помеѓу репрезентациите на Португалија и Велс, а на 7 јули (четврток) нè очекува натпреварот помеѓу Франција и Германија.

Ве очекуваме на плоштад „Македонија“, повикуваат од Македонски Телеком.