HomeДЕНЕШНАПолитикаМакедонски симпатизери на ИСИС протерани од Италија

Македонски симпатизери на ИСИС протерани од Италија

Италијанските власти депортираа петмина Македонци поради тоа што биле симпатизери на ИСИС и на социјалните мрежи ширеле пропаганда за терористичката организација. Сите се дел од едно семејство и се протерани поради загрозување на националната безбедност, соопшти министерот за внатрешни работи на Италија Анџелино Алфано.

Тој објасни дека протерувањето е резултат на „долга и сложена истрага“ на Фејсбук профил на кој биле постирани голем број видео снимки и документи за поддршка на терористичката ИСИС. Полицијата како сопственик на профилот го идентификувала 28-годишниот македонски државјанин кој живеел во Горициа, североисточна Италија.

Заедно со него се протерани и двајца мажи на 31 и 28 години, неговиот 52 годишен татко и една 32 годипна жена, сопруга на еден од протераните.

Според Алфано сите биле „фанатични следбеници на самопрогласениот Калифат“ и ги поддржувале терористичките напади во Европа и активностите на ИСИС во Сирија.

Тие постојано го критикувале нивниот имам и локалната муслиманска заедница како умерени и под западно влијание.

Од јануари лани до сега, Италија протера 121 исламски екстремист како дел од стратегијата за превенција, меѓу кои и 12 имами.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com