Friday, Dec 15, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионМакедонски камионџија превезувал Авганистанци, го притвориле во Босна

Македонски камионџија превезувал Авганистанци, го притвориле во Босна

Босанската полиција пронашла тројца Авганистанци во камион кој го возел македонски државјанин, објавуваат босанските медиуми. Камионот вчера попладне бил запрен во областа Брчко и е приведено Ј. С. (48) против кого се води истражна постапка. Тројцата Авганистанци се хоспитализирани во најблиската болница поради исцрпеност.


„На лицата од Авганистан им беше укажана помош и тие беа предадени на службата за странски државјани“, изјавил Халид Емкиќ, одговорен за односи со јавноста во полицијата во Брчко.


По тензиите на хрватско-српската граница и затворањето на Унгарија се очекува развивање на босански крак на патот кој пренесува бегалци од Турција преку Балканот до земји од Шенген зоната.