Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМакедонски камионџија фатен со 119 илегални мигранти во Пазарџик

Македонски камионџија фатен со 119 илегални мигранти во Пазарџик

Бугарската полиција приведе македонски камионџија кој бил пронајден со 119 мигранти, меѓу кои и 30-тина деца, во шумската област во близина на Пазарџик. Нова ТВ известува дека се работи за легални мигранти од Ирак и Сирија кои патувале во камионот на Македонецот, скриени зад ѕид од тули чија цел на камионџијата била да ги измами цариниците дека превезува градежни материјали.

Идентитеот на 55-годишниот возач не е познат, но позната е приказната според која турски државјанин во Истанбул му ги предал бегалците, заедно со 5.000 евра како гаранција дека ќе ги однесе мигрантите до Бугарија и таму ќе останат.