Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРДизајнМакедонски изработки од филигран ќе се прикажат во Кина

Македонски изработки од филигран ќе се прикажат во Кина

Дизајнерката на накит Темјана Мелоска-Митревска, ќе учествува на Интернационална изложба на накит во Пекинг, Кина, во организација на Пекиншкиот институт за модна технологија, во рамки на Пекиншката недела на дизајн.  Изложбата ќе се одржи од 16 до 30 декември 2015 година во Парк на иновации на Институтот за модна технологија во Пекинг.

Темјана ќе се претстави со две парчиња накит, филигран. Брош Birth (Раѓање), кој е специјално изработен за изложбата и огрлица Cosmic waves (Космички бранови), дел од колекцијата Universe (Вселена).

Изложбата Jewelry Boundless има за цел да покаже како различни култури се интегрираат, разменуваат па дури и судираат, со тоа промовирајќи развој на разновидност во дизајнерските креации на накит како и обезбедување платформа за интеграција на разновидни дизајнерски концепти.