Monday, Dec 18, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаМакедонски државјанин фатен на Ќафасан, се обидел да изнесе 105 илјади евра

Македонски државјанин фатен на Ќафасан, се обидел да изнесе 105 илјади евра

Поведена е прекршочна постапка против македонски државјанин спречен од царинските службеници од граничниот премин Ќафасан поради обид за нелегално изнесување на голема сума девизи од државата.

Лицето при царинската контрола изјавило дека со себе има околу 2.000 евра, но поради сомнителноста во изјавата бил извршен претрес на возилото и сомнителниот, каде што од неговата облека се пронајдени пријавените 2 илјади евра, а во рачна торба уште 105 илјади евра.

Законот за девизно работење предвидува дека резиденти можат слободно да изнесат девизни средства во противвредност на 2 илјади евра, па според тоа, толкав износ му е вратен, додека останатите 105 илјади евра се одземени.