Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепублика(Видео) Македонски царинарници вратиле хуманитарна помош од Бугарија за Скопје

(Видео) Македонски царинарници вратиле хуманитарна помош од Бугарија за Скопје

На Граничниот премин Делчево заглави бугарска донација за поплавените подрачја во Македонија. За делчевските царински служби била проблематична дел од текстилната стока, па кутијата со работнички алишта и чорапи наместо во Стајковци се врати во Благоевград. Делчо Гошев човекот кој ја траспортирал стоката со саати чекал да се смилуваат службениците и да ја пуштат помошта, објави ТВ Стар.

– Оваа помош е од Р. Бугарија од Женско-културно просветно друштво на ВМРО од Благоевград.Ова е еден дел од помошта која беше испратена , а дел беше стопирана од царинскиот службеник,по негова преценка текстил во поголема количина, една иста роба не може да биде внесена – вели Делчо Гошев.

Во делчевскиот Црвен крст вчера беше растоварена помошта од алишта, ќебиња, конзерви храна, ориз, леќа, вода. Паричните средства собрани од акцијата, од Организацијата лично ќе ги донесат во делчевскиот Црвен крст:

– Само чорапите останаа и работничките алишта другото го донесов, ама пак по интервенција на Граничната полиција, ми беше дозволено ова да го пренесам, другото не попушти царинскиот службеник и беше вратена назад во Бугарија – вели Гошев.

Оваа постапка на делчевските цариници додава тој, е разочарувачка.

– Нивната акција продолжува и понатаму, но после ова не знам како ќе биде, џабе е ако другите држави сакаат да ни помогнат кога ние самите сме против себе – истакнува Гошев.

ТВ Стар побарале од првите луѓе на делчевската царинска испостава да објаснат зошто вратиле дел од донацијата и кои препораки донаторите од другите држави треба да ги испочитуваат за да ја донесат помошта во Македонија , но тие биле недостапни да одговорат.