Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаМакедонски бизнисмен го тужи Доминик Штрос Кан за измама

Македонски бизнисмен го тужи Доминик Штрос Кан за измама

Македонскиот бизнисмен и сопственик на „Попова кула“ Јордан Трајков е нов тужител против поранешниот директор на ММФ Доминик Штрос Кан за измама со инвестицискиот фонд ЛСК од Луксембург. Кан ќе се најде на обвинителна клупа соочен и со тужбата поведена и од 158 инвестори кои купувале обврзници од ЛСК фондот кој банкротирал во 2014 година.

Трајков објасни дека купил 8 обврзници од фондот со вкупна вредност од 400 илјади евра, но тие воопшто немале никаква вредност. Адвокатот на Доминик Штрос Кан изјави дека неговиот клиент не е виновен и самиот бил жртва на измамата на претходното раководство на фондот.