Friday, Nov 24, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаМакедонската возачка дозвола важи во следниве држави

Македонската возачка дозвола важи во следниве држави

policija vozacka dozvola

Во принцип секој возач кој со автомобил патува во странство не би имал големи проблеми со локалната полиција дури и ако не поседува меѓународна возачка дозвола, но секогаш постои можност токму за тоа да ви пишат казна.

Засега Република Македонија има потпишано реципроцитетен договор за признавање на возачката дозвола со четири држави каде може да возите со стандардна возачка дозвола без притоа да имате обврска за повторно полагање на возачкиот испит. Станува збор за Италија, Србија, Црна Гора и Албанија.

Со Австрија и Шпанија, Македонија има склучено исто такви договори, но без да полагате повторно испит во овие две држави може да возите само со „Б“ категорија.

За останатите категории „Ц1“, „Ц“, „Ц1Е“, „Д1“, „Д“, „Д1Е“ и „ДЕ“ македонските возачи имаат обврска за повторно полагање на теоретскиот дел од возачкиот испит, како и полагање на тестот на вештини за безбедно управување на возилото.

Во останатите земји за начинот на полагање, како и кои делови од возачкиот испит (теоретски или практичен) ќе мора да ги полагаат македонските возачи зависи од националното законодавство во тие земји каде истите го имаат регулирано нивниот законски престој.

Воедно, на возач на кој му е издадена возачка дозвола на Република Македонија на негово барање може да му се издаде и меѓународна возачка дозвола.

Меѓународната возачка дозвола се издава на образец чија форма, содржина, вид и квалитет на материјалот е еднообразен на целата територија на државата. Истата ја издава МВР или преку овластено правно лице за вршење технички преглед на возила.

Меѓународната возачка дозвола заедно со националната македонска возачка дозвола може да се користи насекаде.

HomeДЕНЕШНАРепубликаМакедонската возачка дозвола важи во уште пет држави

Македонската возачка дозвола важи во уште пет држави

Во уште пет други држави ќе можеме да возиме со македонските биометриски возачки. МВР информира дека се склучени договори за реципрочно признавање на возачките дозволи со Италија, Шпанија, Албанија, Србија и Црна Гора.

– Освен тоа врз основа на Виенска конвенција за патен сообраќај (1968 година) меѓусебно признавање на возачките дозволи има и со Бугарија, Хрватска, Словенија, Романија, Унгарија, Кралство Белгија како и со Австрија (Б категорија). Во тек се и договори за признавање на возачките дозволи со Косово, Турција и Германија, соопштуваат од МВР.

Исто така Министерството за внатрешни работи и на останатите земји од Европа (32) им има доставено барања за произнесување за реципрочно признавање на возачките дозволи согласно Виенската конвенција. Засега се уште ви треба меѓународна возачка дозвола за да возите низ овие земји.