Thursday, Mar 28, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаМакедонската поп дива Калиопи „растури“ во Москва

Македонската поп дива Калиопи „растури“ во Москва

Македонската пејачка со најсилните воклани способности овој викенд престојуваше во Москва, каде на покана на организаторот ја изведе евровизиската песна за оваа година „Дона“.

Претставена како пејачка од прекрасната Македонија, според коментарите Калиопи го имаше најмоќниот настап на вечерта. Концертот се одржал во салата Известиа, пред околу 1000 гости, а на него заедно со нашата евровизиска претставничка настапиле и претставниците на Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Израел, Малта, Молдавија, Шпанија, Швајцарија, Кипар и домаќинот Русија.

Televizija Rusija I 2-„Пресреќна сум што сум во Русија, земја со прекрасен народ и богата историја, а за мојата прекрасна земја Македонија на Евровизија ќе се потрудам да донесам песна и настап коишто ќе се паметат многу долго. Евровизискита фанови ме вратија на Евровизија и со голема среќа ја прифатив поканата од Македонската телевизија, бидејќи повторно ја добивам можноста да направам нешто за мојата земја, но и за нив, моите евровизиски фанови“, изјави Калиопи на пресконференцијата.

Меѓу медиумите коишто со задоволство очекуваа повторно да ја видат Калиопи беа не само специјализираните евровизиски портали, туку и националните телевизии на Азербејџан, Русија, Белорусија и Украина.