Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузејМакедонска современа уметност во Загреб

Македонска современа уметност во Загреб

Националната галерија на Македонија  ја организита изложбата „Есенција на егзистенцијата“  која на 30 јуни ќе биде поставена во галерија ,,Лауба” во Загреб.На оваа изложба ќе бидат претставени дела од 25 македонски современи уметници.

ART 2

Есенција на егзистенцијата“  ги претставува различните перцепции за најразлични општествени свери.  Посетителите на изложбата од најразлични перспективи ќе можат да го видат начинот на човековото функционирање, неговата суштина, достоинството, љубовта, храната и сите оние аспекти кои зборуваат за опстојувањето на човековото битие.

Современите уметници на оваа изложба ќе се изразат преку  различни медиуми за визуелна експресија – од класични: сликарство, графика, скулптура, преку инсталации, објекти, фотографија, па сѐ до видеопроекции, дигитални принтови, перформанси, звучни инсталации

Куратори на изложбата се Ана Франговска, Маја Чанкуловска Михајловска и Горанчо Ѓорѓиевски. Истата изложба ќе биде отворена во декември 2015 година во Националната галерија на Македонија.