Wednesday, Apr 24, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиМакедонска претставничка собори рекорд во пливање стар 16 години

Македонска претставничка собори рекорд во пливање стар 16 години

На Медитеранскиот куп за кадети што се одржува во Александрополис, македонската пливачка Ана Јаневска собори рекорд во дисциплината 50 метри слободно со резултат 28,08 секунди, девет стотинки побрзо од рекордот на старата македонска пливачка легенда Весна Стојановска.

Интересен е фактот што Јаневска постави рекорд постар од нејзе, со оглед на тоа што Стојановска го постави својот рекорд во 1999 година. Јаневска се натпреварува во кадетската конкуренција за девојчиња до 14 години и на овој турнир се пријави со резултат 28,41 со што го подобри својот личен резултат за 33 стотинки.