Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРЛитератураМакедонска книжевност во Истанбул Франфурт и Софија

Македонска книжевност во Истанбул Франфурт и Софија

Македонски книги ќе се најдат на меѓународните саеми за книги во Франкфурт Софија и Истанбул.Меѓународниот саем на книгата во Франфурт ќе се одржи од 14 до 18 октомври . Министерстворо за култура соопштило дека Македонија на овој саем ќе биде претставена од страна на Здружението на издавачи и книжари на Македонија од Скопје.

На саемот во Софија кој ќе се одржи од 10 до 15 декември Македонија ќе ја претстават Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“, и КИЦ на Македонија од Софија

Од 7 до 15 ноември 2015 година Здружението на албански издавачи и Сојузот на албански издавачи ќе ја претставуваат Македонија на  34. Саем на книгата во Истанбул. Планирано е да бидат презентирани дела од најпознатите македонски и албански автори, како и дела на автори од другите националности кои живеат во Република Македонија.