Wednesday, Aug 16, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаМакедонска амбасада во земјата на изгрејсонцето

Македонска амбасада во земјата на изгрејсонцето

Македонија го започнува процесот на отварање на сопствени амбасади, па затоа секој напредок во дипломатијата и воспоставување на пријателски односи со моќни и богати држави е добредојден. Сега и свечено се отвори македонската амбасада во Токио со што Министерството за надворешни работи преку своите дипломати ќе може да ги прошири македонските хоризонти на Далечниот Исток. На свеченоста приствуваа министерот за надворешни Никола Поповски, македонската амбасадорка Андријана Цветковиќ и заменик министерот за надворешни работи на Јапонија Мики Јамада.

popovski tokio

„Луѓето во Македонија нема никогаш да ги заборават моментите на помош од Јапонија кога најмногу ни била потребна, како што е трагичниот земјотрес во 1963 година во Скопје. Јапонија е држава која ни пружа и финансиска и техничка помош години наназад. Таков пример е и последната донација за нашата држава за справување со мигрантскиот наплив со кој се соочуваме“, истакна министерот Поповски.

Од МНР голем број на благодарници им беа укажани на повеќе јапонски дипломати кои го негуваат македонско-јапонското пријателство, а на присустните им се обрати и амбасадорката Цветковиќ.

ambasadorka cvetkovik

„Амбасадата на Република Македонија за една година успеа да привлече и стекне голем број на пријатели и со тоа ја приближи Македонија до Јапонија. Досега, половина од мостот е изграден. Во иднина очекуваме отворање на јапонска амбасада во Македонија, со цел доградба на мостот кон нашето пријателство што се гради веќе 21 година“, истакна Цветковиќ .