Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАМакедонија влезе во жолта фаза

Македонија влезе во жолта фаза

Внимавајте – Македонија ќе биде зафатена со топлотен бран од жолта (алертна) фаза. Денеска температурите ќе достигнат до 40 степени Целзиусови.

Граѓаните од цела држава потребно е да ги почитуваат општите препораки за населението за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, консумирање лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.